| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Владата на СДСМ предлага закони кои се проекти на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ односно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат поднесено во процедура повеќе закони од тоа што владата и парламентарното мнозинство заедно имаат поднесено и тоа е недозволиво да се случи за една влада, a e добра динамика за една опозицијата. Се надевам дека секоја следна опозиција на тој начин ќе постапува, рече Илија Димовски пратеник во Собранието на Република Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вчерашната емисија „Топ Тема на ваша страна“, на телевизија Телма.

Димовски посочи дека сегашната Влада на СДСМ предлага закони кои се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, а сето тоа е резултат на добрите проекти кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт.

-Владата во моментот предлага неколку закони кои се проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за стечајците е продолжение на првиот закон за стечајци, донесен од ВМРО-ДПМНЕ во 2008 година. Законот за минимална плата е продолжување на политиката на ВМРО-ДПМНЕ, која што прва донесе Закон за минимална плата. Законот за продолжување на рокот на легализација на дивоградбите, апсолутно е проект на ВМРО-ДПМНЕ. Едногласно цел парламент поминавме Закон за нова емисија за денационализација, проект на ВМРО-ДПМНЕ. И она што досега е продуцирано во законски текстови од владата, е продолжување на проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Претежно во сегмент на економската политика, која што апсолутно пак е не мерлива помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истакна Димовски.

Димоски додаде дека за овие три месеци, сегашната влада повеќе уништила отколку што сработила. Во однос на економијата Социјалдеомкратскиот сојуз се покажала како најлоша, бидејќи немање на концепт за одредени крупни прашања се одразува и на стабилноста на економијата, а сетоа тоа на штета на граѓаните.

-Економските параметри во овие три месеци се катасрофални. Вие имате за прв пат во Република Македонија, пад на БДП за 1,8 проценти. За прв пат имате пад на процечната плата за 0,7 проценти. За прв пат имате пад на извозот во Република Македонија за 11,9 проценти. Ова е период на јуни, јули и август. Има пад на градежништвото за 17,3 посто. Нормално владата одлучи да ги стопира изградбата на автопатите и градежништвото опаѓа. Имате дифузни политики на даночната основа, кажа Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top