| четврток, 6 декември 2018 |

Провладините медиуми ја кријат вистината: Падот на невработеноста е резултат на работата на ВМРО-ДПМНЕ

Провладините медиуми финансирани од Сорос и СДСМ, триумфално ја претставија информацијата дека во вториот квартал од оваа година невработеноста паднала на 22,6 проценти, а ниту еден од тие медиуми не спомена дека во вториот квартал од оваа година т.е. периодот од април до јуни, Владата се уште беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и политиките за привлекување на странски инвестиции во Република Македонија беа отворени над 170.000 работни места, а покрај отворените работни места редовно се покачуваше и платата на работниците.

 

Откако е СДСМ е на власт економијата од надоле, тоа го покажуваат и макроекономските показатели. Намален е извозот, намалено е индустриското производство, СДСМ откако дојде на власт иако ветуваше домаќинско трошење, покрај големите задолжувања, кои за само три месеци се 320 милиони евра, ги намали и девизните резерви.

Иако Заев ветуваше 500 евра просечна плата и 16.000 денари минимална плата, после првите три месеци од владеењето на СДСМ, досега можеме да видиме само намалување на платите. Пад има и на бруто домашниот производ, кој може да се очекува тек и да паѓа поради стопирањето на капиталните проекти, како што се патната инфраструктура, како што е стопирана изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Падот на невработеноста со оглед на политиките на СДСМ кон странските инвестиции, може да очекуваме да биде само илузија одреден период, со оглед на тоа што тоа што голем број фирми кои со минатата Влада беа во завршна фаза на преговори и блиску до носење одлука да инвестираат во Македонија, компании кои би отвориле 25.000 работни места како што кажа пред неколку дена лидерот на опозицијата Никола Груевски, таа одлука ја менуваат поради односот на Владата предводена од Зоран Заев.

-Со оваа лоша клима во овие три месеци и неколку денови, се плашам дека најголем дел од овие компании ќе ги изгубиме и нема да дојдат да отворат нови работни места, а доколку би се реализирале сите тие 60-тина би отвориле 25.000 нови работни места, изјави Груевски.

Уште поголем проблем за повеќе од 2.000 вработени во Република Македонија е што дел и од моменталните странски инвестиции сериозно размислуваат за заминување од Македонија, поради како што велат економските експерти “непријателската“ клима која новата Влада ја прави пред странските инвеститори, кои за голем број семејства во Македонија значат егзистенција.

Овие негативни податоци и крах на економијата кој може да следува, како што велат поупатените во оваа тематика, не е тема на работа на провладините медиуми, кои во моментов се занимаваат со ширење на популистичките политики на Зоран Заев, со кои тој пробува да собере политички поени пред граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top