| четврток, 6 декември 2018 |

Кочанско: Син го пронашол својот татко удавен во канал

Вчера попладнето во „Бавчи“, атар на село Грдовци, кочанско, 42-годишниот С.Ј. од Кочани го пронашол својот татко, 70-годишниот Д.Ј. од Кочани удавен во канал за наводнување.

Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Притоа, не биле забележани видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани. Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top