| четврток, 6 декември 2018 |

Мексико: Бројот на загинати во земјотресот зголемен на 15

Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Мексико се зголеми на 15, изјави Рикардо де ла Круз, претставник на Агенцијата за вонредни ситуации. Тој рече дека тела на десет жртви се пронајдени во градот Јучитан на југ во Мексико.

– Билансот на загинати е 15, врз основа на податоци од сите држави, изјави тој за телевизијата Миленио.

Претседателот на државата Енрике Пења Нието рече дека тоа бил „најсилен земјотрес во изминатите 100 години“ во таа држава. Земјотресот бил со интензитет од 8,1 по Рихтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top