| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска почнува 42. „Струшка музичка есен“

„Музиката и поединецот“ е темата на годинашното 42. издание на „Струшка музичка есен“ кое ќе се одржува од денеска до 10 септември во Струга.

Поканети се автори чии трудови ќе се осврнат на делувањето на индивидуите кои извршиле одредени влијанија врз различните аспекти кои ја допираат музичката уметност, при тоа не ограничувајќи се само на прогресивните и позитивните креации, туку и на негативните влијанија.

Како и секоја година, во рамки на конференцијата ќе се одбележат јубилеите на македонските творци и тоа: 80 години од раѓањето на композиторите Благој Цанев и Сотир Голабовски и на музичкиот писател Јелица Тодорчевска, 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на композиторот и музиколог Драгослав Ортаков, 70 години од раѓањето на композиторот Илија Пејовски и 60 години од раѓањето на музикологот Марко Коловски.

Организатор на манифестацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, а селектори годинава се д-р Мирјана Павловска – Шулајковска и м-р Елени Новаковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top