| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК има налог да ги руши референдумите: Мигрантите се прашање кое не заслужува одговор

СДСМ, референдумите во општините за населување на мигранти ќе ги рушат преку Државната изборна комисија, односно ќе сакаат да спречат изјаснување на граѓаните по ова прашање- дали се „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина. ДИК има налог од новата власт предводена од Заев и СДСМ да донесе одлука дека не смее да има референдуми. Членовите на ДИК ризикуваат кривична одговорност.

Толкувањето на членовите на ДИК било дека нема технички можности за такво нешто, што е сосема неоправдано, бидејќи одржувањето на локалните избори со себе повлекува инфраструктура и техничка поддршка и логистика, која треба да се искористи и за одржувањето на референдум против одлуката на владата за доселување на мигранти.

Постои законска обврска, референдумите да се закажат во рок од 40 дена што се совпаѓа со првиот круг од локалните избори. На овој начин, дополнително ќе се заштеди, бидејќи и референдумите и локалните избори ќе бидат на ист трошок.

И од иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, велеа дека е добро референдумите да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои граѓаните бараа референдум.

„Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име“- порачуваат граѓаните.

И шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за Дојче Веле изјави дека Македонија е подготвена да прими мигранти..

Никој до сега не побара од Македонија да прима Бегалци и Мигранти во иднина!Но затоа #НиколаДимитров, Министерот за Надворешни Работи во владата на #Црпко сам си се понуди!На здравје.Што #Мигранти?Шо #Бегалци?Еве зошто била стратегијата на Мила Царовска.

Posted by Здравко Китаноски on Donnerstag, 7. September 2017

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top