И покрај сите пречки на кои наидуваме, животот во Центар мора да продолжи и да не се забораваат неговите убави страни, вели градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, во повикот до граѓаните да дојдат на забава.
Затоа, утре од 18.30 до 21.30 часот, во паркот во Капиштец (меѓу улиците Васил Ѓоргов и Народен фронт) Општина Центар ќе организира забава и прво маалско дружење под името „Во ритмот на Центар“.
Сите учесници во настанот ќе се најдат на исто место со граѓаните и добронамерни посетители, сакајќи да придонесат, да помогнат, да го споделат она што го знаат, мисла и дело. Настанот е донација од сите оние кои учествуваат во него.
На самото место, во центарот на Центар, ќе се најдат уметници, музичари, ракотворци, поети, готвачи и ентузијасти, деца, млади и возрасни. Сите се добредојдени, како гости или учесници.
„Заедно, да ја вратиме во живот дружбата, да размениме информации, да го дадеме најдоброто едни за други. Постои една многу стара песна од Петјула Кларк. Се вика „Даунтаун“. Во неа се вели дека сите прикаски почнуваат во центарот на градот, таму од каде што почнал да се гради градот. Да заборавиме на грижите или да ги споделиме за да ги решиме.
Дојдете утре во паркот, да го започенеме летото предвреме, да му дадеме смисла, насмевка и боја на градот. Да го најдеме споменот на местото кое живот значи. Да се вратиме во маалото како дома“, се вели во повикот на Жерновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст