Најновиот податок што го објави Државниот завод за статистика за пад на извозот во Македонија е практично четврти по ред во низа за еден краток период од околу две недели, четврти податок од економската сфера кој укажува на сериозен пад на економијата, истакна по денешната посета во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
– Претходно имаше пад на просечната плата, па пад на индустриското производство, па сериозен пад на девизните резерви на државата и сега доаѓа падот извозот кој е за 12% во јули во однос јуни, тоа е многу сериозен пад. За уште да биде поцрна сликата падот не е само во јули во однос на јуни, туку и во однос на јули минатата година, што значи дека падот е базичен и има сериозен проблем. Во време во кое ние работевме освен во годините во кои имаше сериозна финансиска криза во светот, во сите други години имавме сериозни растови на извозот, вели Груевски.
Тој посочува дека сега започнала нова ера, ера на пад на извозот.
– При толку донесени нови компании, нови фабрики, отворени нови домашни да дојде до пад на извозот укажува дека навистина економијата оди во една лоша насока и оние граѓани кои сега тоа не го чувствуваат со тек на време ќе почнат бидејќи веќе по четврти параметар се укажува на сериозен пад на економијата, посочи Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека сетоа ова укажува дека владата нема начин, план како да ја води државата и економијата напред.
– Дефокусирани се од економијата и не се заинтересирани за нејзин напредок или пак за отворање на нови работни места. Се фокусираат за прашања кои не ги засегаат толку многу граѓаните, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии