Актуелниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски на локалните избори следниот месец по трет пат ќе ја побара довербата од жителите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја објави неговата кандидатура, а од утрово многумина му искажуваат поддршка на кандидатот за градоначаник преку социјалните мрежи.
Аеродромци се сведоци на развојот на општината изминатава деценија која полека но сигурно се трансформираше во една од најпосакуваните локации за живеење во Скопје. Со нови паркови, улици, обновени булевари, решена инфраструктура, секогаш достапни паркинг места, места за спорт и рекреација, Аеродром рамномерно, со сите свои населби личи на модерно и пријатно место за живеење.
– Драги сограѓани, чест и задоволство ми е да ја прифатам кандидатурата за ваш градоначалник на претстојните локални избори. Со оглед на тоа дека добро се познаваме, дозволете ми овој пат да ви се обратам на помалку формален начин. Изминатите години поминати во служба на граѓаните на Општина Аеродром беа исполнети со работна дисциплина, поставување и остварување на цели кои некогаш се чинеа недостижни, како и многу труд, љубов и грижа да се направи повеќе и подобро за секој проект што го сработивме, мал или голем. Непоколебливо верувам во постојаниот развој и напредок на нашиот сакан Аеродром и тоа ми дава мотив и сила уште повеќе да се вложам во остварување на нашиот заеднички сон: ултрамодерна општина, гордост на Скопје и Македонија!
– Неизмерно сум благодарен на вашата досегашна доверба и поддршка. Неизмерно сум им благодарен и на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром за нивната напорна и несебична работа сето ова време. Успесите се заеднички! Ве повикувам да тргнеме на патот на уште една голема изборна победа со нови проекти и уште поголема енергија!
Заедно никој не може да не сопре.
За Општина Аеродром!
За Република Македонија!
Стојам во ваша служба.
Со почит, Ивица Коневски, горд градоначалник на Општина Аеродром.
И последните анкети покажаа дека Коневски важи за апсолутен фаворит за победа во Аеродром, со рејтинг далеку пред неговиот против-кандидат од СДСМ, Златко Марин, човек за кој голем број грашани во општина прв пат слушаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови