| четврток, 6 декември 2018 |

Трпески: СДСМ покажа дека нема капацитет за еден, а камо ли за 500 километри нови автопати

Поминаа 100 ден лаги, неспособност, хаос и понижување. Поминаа 100 дена блокирање, стопирање и укинување на проекти. СДС во само три месеци го покажа целото свое незнаење да работи и да реализира проекти во важна област како што е инфраструктурата. Тие не само што не отпочнаа ниту еден нов проект со кој барем ќе покажеа дека имаат капацитет да водат барем еден проект да направат барем еден километар од ветените 500 километри нови автопати, водени од својот инает, омраза и гнев не дозволија да се финализираат проектите кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги отпочна во оваа сфера, истакна Славчо Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Трпески вели дека СДС без никакви аргументи и со смешни оправдувања речиси ја стопира изградбата на три капитални инфраструктурни проекти како автопатите Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. На овие делници до доаѓањето на СДC на власт се работеше интензивно, и речиси три илјади работници имаа своја егзистенција, а работните активности беа во напредна фаза и одеденаш како со нож се пресече нивната изградба.

Наместо да ги решаваат предизвиците кои се појавуваат на секоја градежна активност во светот, неспособните кадри на СДС веднаш ги прекинаа градењата на овие проекти кои значат многу за граѓаните од цели региони на државата, кои даваат поддршка за домашните градежни фирми и кои имаат исклучително значење на целокупното македонско стопанство и транспорт. СДС за автопатот Демир Kапија – Смоквица наоѓаше изговори дека не може да се реализира поради незапишан далновод во Катастарот, по укажувањето од оваа говорница на кој начин да го запишат, послушаа, постапија и го запишаа далноводот во катастарот па сега се поставува прашањето што е проблемот, зошто и понатаму се одолговекува пуштањето на автопатот Демир Kапија – Смоквица, дали причината е гола одмазда кон ВМРО-ДПМНЕ, несвесни дека така им прават штета на сопствените граѓани, посочува Трпески.

Тој додава дека токму поради ваквата индолентност и негрижа кон потребите на македонското стопанство и кон македонските граѓани СДС предизвика пад во градежниот сектор, еден од клучните двигатели на растот БДП и развојот на економијата. Впрочем градежништвото е гранката која директно и индиректно влијае на развојот на 25 други стопански гранки, па оттука јасна е причина за падот на целокупното индустриско производство кое ни се случува после подолго време.

Нам ни е позната матрицата на СДС на функционирање кога во прашање инфраструктурата. Тие и во минатото едно најавувале, а ништо не направиле. Сведоци за тоа се отпочнатите, а никогаш не завршени проекти како пругата кон Бугарија или патот Велес –Прилеп преку Бабуна. Граѓаните никогаш нема да дозволат трите автопати да станат нови споменици на неспособноста, на СДС и на нивната негрижата. Граѓаните на престојните локални избори ќе го казнат овој поразителен и крајно штетен правец во кој СДС ја води државата. Катастрофалниот пораз на СДС на локалните избори ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори, бидејќи колку порано се застане на патот на уништувањето на економијата и растурањето на државата, до толку подобро за народот, нагласува Трпески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top