| четврток, 6 декември 2018 |

И Општина Неготино донесе одлука за распишување на референдум

Општина Неготино денеска откако предлог одлуката за распишување на референдум на локално ново го стави на гласање истиот беше изгласан од страна на советниците.

Со осум гласа „ЗА“, ниту еден глас против и тројца воздржани гласови Советот на општина Неготино изгласа одржување на референдум за да се изјаснат граѓаните дали се „ЗА“ или „против“ населување и интеграција на мигранти во нивниот град.

Неготино е едена од многуте поголеми општини во Македонија која овие денови изгласа одржување на референдум за да се изјаснат граѓаните во врска со прашањето околу населувањето и вдомувањето на мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top