| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Кариерата на Заев во слободен пад, СДС со катастрофален рејтинг

СДС се обидува да го прикрие хаосот во кој за само 100 дена ја втурна Македонија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС е во очај и паника поради катастрофалниот рејтинг помеѓу граѓаните. Новите кандидати на СДС за градоначалници немаат што да им понудат на гласачите. Затоа мислат дека може да се спасат преку лиферување на лажни вести, црна кампања, политички конструкции и хајка во пресрет на локалните избори. Токму лидерот на СДС Зоран Заев додека беше градоначалник на Струмица е единствениот функционер кој е два пати аболициран за тежок криминал. Во неколку наврати беше фатен во коруптивни скандали за кој мораше да се ангажира и тогашниот Претседател за да го амнестира. Токму Зоран Заев не ги признаваше судовите и ги избегнуваше најавените рочишта, а сега преку истите тие судови се обидува да ја спаси својата политичка кариера која е во слободен пад, стои во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека на 15 октомври граѓаните ќе ги казнат лошите политики на оваа влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top