Спектакуларен концерт, театарска претстава за деца, танчери, музички ѕвезди, хорови под мотото „Слободна Македонија, слободно живее“ ќе ја одбележат 26-годишнината од независноста на Република Македонија. За првпат прославата се организира на платото пред Владата, на малиот простор зад оградата од ковано железо која Заев најави ветуваше дека ќе биде неговиот прв проект како преиер уште пред да влезе во владиниот кабинет.
Владата на СДСМ не се одгради, како што најавуваше, а со органзирањето народна прослава на простор прогоден за мали, интимни забави, се зачаури во својот елитизам.
Никој не кажува колку ќе ги чини македонските граѓани најавениот спектакл на платото пред Владата ниту зошто централната прослава на Денот на независноста Владата на СДСМ го организира ден порано.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, не можеше на прес-конференцијата да ја соопшти сумата за тоа колку ќе чини оваа манифестација.
–Ќе има многу активности, но завршната сметка за тоа колку ќе чини, ќе ви ја доставиме откако ќе завршат сите активности, да видат како ќе поминат, ќе добиете одговор веднаш по завршување на настаните, изјави Бошњаковски на прес-конференцијата свикана по повод активностите за одбележување на Денот на независноста.
Дебакл наместо спектакуларна прослава на независноста: Галерија од празното плато пред Владата
Недозволиво е Владата да не знае колку средства ќе потроши, а да најавува спектакл. Уште поскандалозно е тоа што Владата на СДСМ го организира настанот ден порано, веројатно за да не изгубат функционерите драгоцен ден од продолжениот викенд.
Граѓаните имаат право да знаат, а нејзина должност е да објави колку државни пари ќе се одлеат од буџетот во оваа пригода. Дали буџетот за прославата ќе биде бунар без дно, кој ќе треба да ги напои вртоглавите хонорари на провладините уметници кои ќе настапат на свеченоста, исто како што настапуваа во Шарената револуција? Какви заткулисни игри се во заднина и кој сѐ ќе профитира од прославата на Денот на независноста?
Овие прашања се логични и отвораат соменж дека Заев секојдневно ги задолжува граѓаните за да може да ги потхранува апетитите на „средната класа“ во елитистичката Владата.
Додека беше во опозиција СДСМ го обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ за расипништво кога органзира прослави, па оттаму сега нека одговори колку чини прославата и со чии пари ќе ја организира.
Во 2011 година СДСМ ја бојкотираше прослава на 8 септември и обвинуваа дека Министерството за култура не ја соопштило цената на чинење на прославата и дека таа се организира тајно од само тројца луѓе околу министерката. Сега не им пречи што не се знае цената на прославата. Никој не кажува колку пари ќе се потрошат за активностите во текот на овие три дена и кому се ќе му се плати.
Не толку одамна портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, бараше одговорност од функционери од ВМРО-ДПМНЕ за поплавите во Скопско, наспроти потрошените пари за прослава на 8 Септември. Но, веднаш се надоврзува прашањето дали се обештетени граѓаните чии имоти настрадаа во пожари и земјотресите наспроти огромните сретства кои ќе се потрошат за вечерашната прослава.
СДСМ во 2014 година правеше и паралени прослави на Денот на независноста, 8 Септември, кога се веселеа во познатото излетничко место Три Круши во скопската населба Драчево, но и тогаш на брифинзите не соопштуваа кој ќе го плати пикникот, гостите на собирот имаа и организиран ручек и богат културно-забавен дел, на кој настапија познати пејачки ѕвезди од домашната естрада. Сѐ уште јавноста не дозна кој го плати ваквиот собир на кој беше најавена богата програма, како и голем ручек за партиските фунционери и симпатизери на најголемата опозициска партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст