Кој не играл фудбал на „Кокта“, баскет на „Кочо“ и не пливал на Састав, тој не знае што е Џорче. А, џорчевци сите ја поминале таа „школа“. И Владо Мисајловски, „у Џорче“ познат као Кендо, е џорчевец. И тоа баш џорчевец. И по татко, од кого го наследил надимакот, и по мајка, пишува НетПрес.
Ако ги прашате соседите и пријателите на Кендовци у Џорче ќе речат:
-Вредно момче, кое покрај ангажманите во политиката, не се штеди, ниту срами, да му помогне на татко му во фурната.
Од едно обично маалско момче од Џорче, кое почнува како член во ВМРО-ДПМНЕ, вредно и макотрпно работи за да го изоди трнливиот пат и да се искали во човек на кого луѓето му веруваат. Кендо не е од оние кои имале предиспозиции во политиката, поради тоа што некој од нивните родители биле политичари или функционери. Кендо е фајтер, кој сам си го трасира патот, и тоа го прави многу квалитетно.
Желбата за подобро Џорче и патриотскиот порив кон својата земја, го понесуваат да влезе во политиката, преку најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот потенцијал веднаш се истакнува, па станува претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров. И како што велат, квалитетот веднаш се истакнува, па така по дипломирањето на на Факултетот за општествени науки на одделот Дипломатија и меѓународна политика на УКИМ, го добива својот прв ангажман во Кабинетот на претседателот на Собрание, како помлад соработник за меѓународна политика. За кусо време станува Советник за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собрание.
Но, вода стои, ама Кендо, не. Љубовта кон Џорче го носи на местото Советник во општината Ѓорче Петров. Таму е именуван и за претседател на Комисијата за прашања, избори и именувања во општината. Значителни подобрувања во менаџирањето на општината се случуваат додека е тој таму. Џорчевци тоа го пометат одлично. Нема некој да побарал помош, а да бил одбиен.
Следна работна дестинација му е Советник за меѓународна политика во скопската општина Центар, каде имал и функција раководител на Секторот за поддршка на активности на градоначалникот, а особено се истакнува во менаџирањето на многу проекти за урбано средување на општината.
Потоа неговиот професионална одисеја станува постојана нагорна линија.
Позицијата Државен секретар во Министерството за надворешни работи ја извршува со голема посветеност и работи на организацијата на ова министерство во сите негови дипломатско-конзуларни претставништва и учествува во дипломатските активности. Потоа следи функцијата Државен Секретар во Министерството за транспорт и врски. Во ова министерство веднаш активно се вклучува во голем број на крупни проекти за подобрување на инфраструктурата во државата.
Како директор на Јавното претпријатие за државни патишта е дриектно заслужен за изградба и реновирање на голем број регионални и локални патишта. Ако прашате некој од вработените во ова претпријатие за него, ќе ви речат дека никогаш немале покоректен и по посветен директор од него, кој секогаш се појавувал на работа со насмевка и позитивно расположение. Едноставно, човек кој знае да мотивира.
Во мај 2015 година станува министер за транспорт и врски. Тогашниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за Мисајловски ќе рече:
-Неговото образование, искуство и високи стручни и морални квалитети, високиот степен на интегритет и посветеност на работата, големата динамичност и брзината карактеристична за неговото работење, одговорноста и работливоста, се причина поради која го предлагам за министер за транспорт на Република Македонија.
Но, Кендо Џорчевецот, иако министер, сепак не го заборава своето Џорче. Помага повторно во населбата, со асфалитрање на улици и со подобрување на инфраструктурата во општината.
А, како да го заборави, кога ако си од Џорче неможе, а да не си „трењирал нешто“. И Кендо „трењираше“. Прво гимнастика кај Ѓоц у „Партизан“, и тоа стигна до државен првак. Па, фудбал на „Кокта“, кај Иво, ама и карате у „Мирче Ацев“ кај Драги, Страте Дуле и Цеци. Се проба и у „баскет“. Почна у „Мирче Ацев“, продолжи во Водњански лисици, и преку МЗТ Скопје до Вардар. Круната во баскетот беше тоа што стана младински репрезентативец на Македонија во кошарка. Како што викаат џорчевци: Тоа е…Дете од Џорче.
Неговата кандидатура за градоначалник на Ѓорче Петров е полн погодот за граѓаните на оваа скопска населба, сметаат Џорчевци и дополнуваат дека прекрасен период следи за нив со Кендо како градоначлник. Човек од Џорче за Џорче, велат тие. Нема ќоше у Џорче што Кендо не го знае, роден тука, а и ден денеска живее у Џорче со своето семејство.
Кендо за Џорче, Џорче за Кендо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст