| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ потроши 350 милиони евра, а не купи ниту еден вагон

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ дека потрошил над 350 милиони евра, земени како  аукции на државни хартии од вредност или од  девизните резерви, а од сите тие пари не реализирал ниту еден проект.

„Со 350 милиони евра може да се набават над 3.700 вагони. СДС не набави ниту еден. Парите расипнички ги потроши без да реализираа ниту еден проект во полза на граѓаните.

Да беше владата на СДС одговорна власт и барем една десетина од средствата ги искористеше за набавки на товарни или патнички вагони, ќе ги зголемеше капацитетите на македонските железници за трипати. Со тоа ќе се помогнеше не само претпријатието, туку и граѓаните и фирмите кои ги користат овие услуги.

Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на владата на СДС. Потрошија три месеци и 350 милиони евра, а единствено од тоа резултат е набавката на мебел, лешници, фстаци, дебели хонорари за шарени револуционери, твитер ликови, анонимни поети и пропаднати комедијанти“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според соопштението, владата на ВМРО-ДПМНЕ за 14 милиони евра набавила 150 товарни вагони со кои бил обновен  по неколку децении возниот парк на Македонски железници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top