Актерката Ирена Ристиќ, активист на Шарена револуција преку социјалната мрежа Фејсбук повика на бојкот на локалните избори незадоволна од Владата на СДСМ, порачувајќи дека нема да гласа на изборите.
(ФБ Статус на Ирена Ристиќ)

Ние, граѓаните, мора, едноставно мора, да си го дозволиме луксузот да го доживееме комплетниот пад и тоталната мизерија… да останеме без ништо!
Во спротивно, ќе ја одлагаме агонијата и на сопствена штета, само ќе ја префрламе топката на двете подеднакво политички, идејно, системски и кадровски импотентни опции, од нетрпение и недоверба неподдржувајќи нови и креативни, чесни кадровски решенија…
Јас, на пример, нема да гласам на локалните!
Нека пропаднат!
Нека пропаднат, како што пропаднавме јас (у неколку наврати) и многу, многу други слични романтици…
Лека ноќ!
Размислете!
Без нас, они се ништо!
Не постојат!
#Бојкот
Освен како како активист на т.н. Шарена револуција, Ристиќ настапуваше и на митинзите на СДСМ, а беше дел и од проектот „Контра вести“.
Ирена Ристиќ е една од многуте активисти на Шарената револуција, членови и поддржувачи на СДСМ кои целосно се разочараа од работата на Владата предводена од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


