| четврток, 6 декември 2018 |

Референдум во Аеродром ќе има: СДСМ ги изневери аеродромци, не гласаше за референдум

СДСМ повторно го покажа лицемерието во најлошата и најсуровата форма - советниците на СДСМ не гласаа за референдум на кој жителите на општината ќе се изјаснат дали сакаат во Аеродром да се градат центри и населби за бегалците и мигрантите. Иако Златко Марин ветуваше дека СДСМ ќе гласа за референдум, интересите на аеродромци ги одбранија само советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Советот на Општина Аеродром на 73. седница донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општината, која за жал не ја поддржаа советниците на опозициската советничка група на СДСМ.
Референдумот, како што одлучија советниците, би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци.
Со распишувањето на референдумот ќе се спречи актуелната или која било идна влада да спроведе план за населување на мигранти на територијата на Општина Аеродром.
„Ги повикуваме граѓаните масовно да го поддржат овој референдум, со цел да се стави точка на прашањето со мигранти во нашата општина“, повикуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top