| четврток, 6 декември 2018 |

Чилиманов: Царовска го достигна Рашковски, се фати жива во своите лаги

Значи кој преварант е Мила Царовска, на моменти го достигнува и Рашковски. По лажгите дека ќе имало повисоки пензии, сега Мила вика дека не смеело да се организираат општински референдуми за нејзините кампови за бегалци на денот на локалните избори, ова на својот Фејсбук профил го напиша новинарот Цветин Чилиманов. Тој пишува дека според Царовска не смееле да се трошат непланирани пари пред избори. На СДС, кои преку Рашковски и неговиот кум го прегазија правилото дека да не смее да има предизборни именувања и разрешувања, сега божем им стана важен законот. А на дете од две години му е јасно дека најефтино е општински референдуми да се организираат на денот кога и онака има локални избори – со еден трошок граѓаните ќе можат да се изјаснат за се што им е важно. Луѓе, овие се фатени живи. Имаат дадено ненормални ветувања на нивните странски газди и сега не знаат како да се извадат, стои во статусот Чилиманов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top