„Абу Даби Лувр“, проект за чијашто дозвола Обединети Арапски Емирати ѝ платија на Франција повеќе од една милијарда долари, а на кој се чека цела деценија, ќе биде отворен на 11 ноември, најавено е во главниот град на Емиратите.
– Во време кога културата е на удар, ова е наш заеднички одговор – изјави францускиот министер за култура Франсоа Нисен, пренесоа агенциите.
Ова е првпат некое здание да го користи името „Лувр“, освен музејот во Париз, а намерата е да ги привлече туристите од соседните арапски земји и целиот свет, изјави министерот за култура на ОАЕ шеикот Најхан бин Мубарак ал-Најхан.
– Како што е „Лувр“ круна на Париз, сакаме „Лувр Абу Даби“ да биде круна во нашиот град – изјави министерот Најхан.
Галеријата е сместена на пустиот, огромен остров Саадијат во близина на Абу Даби, а во текот на градбата, кој трае десетина години, имаше многу проблеми – економски превирања и критика на сметка на условите за работа на работниците.
Потпорниот таван тежок 7.500 тоа, идентичен како и Ајфеловата кула, го дизајнирраше познатиот францускии архитект Жан Нувел, а се состои од осум слоеви геометриски облици изработени во арапски стил, и е замислен како купола што се движи и отсликува игра на светлина и на сенки.
„Лувр Абу Даби“ се наоѓа на 40 метри надморска височина, а куполата е 36 метри над земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст