| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да знаете ако сте вљубени во претставник на знакот Девица

Да љубиш личност која е родена во знакот Девица е предизвик. Овој астролошки знак е уникатен и сосема различен од било кој друг. Девиците имаат многу позитивни квалитети, но и доста негативни карактеристики, кои се тешки за издржување.

Ако сепак се осмелите да се вљубите во Девица и да започнете сериозна врска, треба да знаете дека тој е супер независна личност, која понекогаш може да ви се чини лишена од емоции.

Значи, обидете се да ја дознаете природата на својата партнерка, а еве и што треба да знаете уште за цртите на луѓето од овој знак.

Девиците се педантни и можеби за тоа имаат тенденција да бидат осудувани. Тие сакаат да ги посочуваат грешките на другите. Тоа е длабоко прашање во нивната природа на перфекционисти. Ако трпите на критика за вас врската со Девица ќе е дури корисна, бидејќи ќе имаат мотивација да станувате сè подобри во секоја област. Но ако не паѓате на забелешките – ќе имате проблем.

Девиците може и да не покажуваат силни емоции, но тие се лојални на својот сериозен партнер и никогаш не би го повредиле намерно. Всушност тие се супер посветени на односите со својот партнер и на неговото семејство како целина. Девиците се некој на кого можете да му верувате, без да се грижите.

Тоа е еден од најнезависните знаци во Зодијакот. Девиците често се самодоволни. Тие можат да се справат сами со сè во животот и речиси никогаш не сакаат, а и немаат потреба од помош. Всушност тие мразат да молат за помош, бидејќи мразат да признаваат дека имаат потреба од друг човек, сметајќи дека така изгледаат послаби.

Девиците го обожаваат интелектот и не можат да живеат без него. Тие бараат партнер во животот, кој ќе им го стимулира умот. Интелигентните, начитени луѓе полесно го освојуваат својот пат кон срцето на овој астролошки знак. Девиците ги сакаат фактите и се супер задоволни ако нивниот партнер има ораторски вештини и енциклопедиски познавања во различни области.

Овој знак не е многу емоционален, туку е рационален. Понекогаш Девиците изгледаат резервирани, ладни и емоционално неврзани. Вистината е дека тие како сите луѓе се способни на длабоки чувства, но за нив е голем проблем да ги покажат.

Девиците се толку чесни што често зборуваат, без да мислат. Понекогаш токму поради оваа нивна искреност тие кажуваат работи кои звучат болно. Ова често е проблем за партнерот на личноста која е родена во знакот на Девица, и генерално е тешко да се надминат и имаат разбирање.

Ако градите врска со личност која е родна во знакот на Девица, гледајте да покажувате емоции, без да експлодирате како вулкан и да правите емоционални изливи. Девиците не поднесуваат хаос и драма! Тие држат сè околу нив да е уредно, чисто и воздржано – па  дури и сопствените емоции им се такви.

Ако мислите дека ќе ја победите вашата Девица ако ја бомбардирате со бројни комплименти – тоа нема да се случи, само ќе ја одбијат. Веќе рековме дека Девиците не сакаат глума и директните комплименти им се гледаат претерани и побрзо ги дразнат и ги ставаат во непријатна ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top