| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе и Опра Винфри собираат помош за жртвите од ураганот Харви

Бијонсе, Блејк Шелтон, Барбара Стрејсенд и Опра Винфри еден час ќе разговараат со гледачите преку телефон во емисија што ќе биде емитувана во живо, со цел собирање на хуманитарна помош за жртвите од ураганот Харви.

Емисијата, што е организирана од страна на хјустонскиот рапер Бан Би и менаџерот за таленти Скутер Браун, ќе биде емитувана во живо на 12 септември на телевизиите: „Еј-Би-Си“, „Си-Би-Ес“, „Ен-Би-Си“, „Фокс“ и „Си-Ем-Ти“.

Многу други славни личности, меѓу кои и Џорџ Клуни, Дејмџ Фокс, Метју Мекони, Денис Квејд, Џулија Робертс и Џорџ Стрејт, исто така потврдија учество. Тие ќе присуствуваат во емисијата или ќе испратат видео-порака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top