САД денеска и ги донираа на Албанија првите шест од 248 оклопни воени возила Хамви, што е во рамките на помошта на официјален Вашингтон за албанската армија во вредност од 12 милиони долари.
Свеченоста на примопредавањето на првата пратка возила, во вредност од 300.000 долари, се одржа во базата на пешадиската единица „Зал Хер“, на која присуствуваа американскиот амбасадор Доналд Лу и министерката за одбрана во заминување, Мими Кодели.
– Албанија е еден од четирите сојузници на НАТО во Европа, кои ќе добијат вакви модерни возила. Владата на САД е определена да ја зајакне вашата способност како сојузник на НАТО, со што албанската армија ќе има целосно модернизирана пешадиска единица која ќе биде оперативна до 2019 година, истакна амбасадорот Лу.
Министерката за одбрана, Кодели искажа голема благодарност и посочи дека американо-албанските врски влегуваат во нова и поквалитетна фаза.
Возилата Хамви можат да развијат максимална брзина од 125 километри на час, тешки се шест тони и имаат автономија на движење од 443 километри. Опремени се со системи за држење тешки и лесни митралези и минофрлачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст