| четврток, 6 декември 2018 |

Стрелецот Трајковски неутешен: Бевме доминантни, немавме среќа

Александар Трајковски во 79. минута од белата точка израмни на 1-1 против Албанија. Исто како и капитенот и фудбалерот на Палермо потенцира дека со вечерашната игра Македонија заслужи на крајот да ги освои трите бода.

– Мислам дека со оваа игра заслуживме да победиме. Бевме доминантни. И по примениот гол создадовме доста шанси за да обезбедиме триумф. Бев среќен што го дадовме тој гол за израмнување, имавме шанси и да победиме но немавме среќа“, рече Александар Трајковски, кој денеска го прослави 25. роденден.
Следниот квалификациски натпревар македонската репрезентација го игра против Италија на почетокот на октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top