| четврток, 6 декември 2018 |

Последниот статус на момчето кое загина на крстосницата Драчево – Батинци

Во трагедијата што ја потресе Македонија вчера во 14.45 часот во близина на Драчево, на крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ и патот за село Батинци, загина 30-годишниот Н.М. од Пинтија.

Товарно возило марка „Mерцедес“ управувано од И.И. од село Чифлик удрило во 30-годишниот велосипедист, кој им подлегна на повредите на КАРИЛ.

Дента пред да загине во страшната несреќа, младиот Н.М. на својот Твитер профил објавил фотографија поврзана токму со брзото возење.

„Паметна работа од хрватски автопат, со памет“, стои во неговата објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top