| четврток, 6 декември 2018 |

„УЧК“ и „Илирида“ ечат во Струмица, исто и во Скопје (ФОТО)

Прво обострано исвиркување на химните, а потоа недолично однесување на госитнските навивачи на стадионот „Младост“ во Струмица, објави порталот Гол.мк.

Македонија и Албанија не може, а да не мине без недолични работи. Најпрво, при интонирање на химните на Албанија и Македонија, гледачите на стадионот не ги испочитуваа како што доликува, а потоа, гостинските навивачи не останаа покуси, па почнаа да провоцираат и да скандираат „Илирида“ и да пропагираат идеја за Голема Албанија.

На големо изненадување, официјалниот спикер не испрати предупредување скандирањата да престанат, а не им пречеше ниту на Мухамед Зекири, Курто Дудуш ниту на Талат Џафери.

Освен во Струмица, за фудбалската репрезентација на Албанија се навива и во Скопје.

На голем видео бим кој е лоциран во близина на плоштадот Скендербег, се следи квалификацискиот дуел помеѓу репрезентациите на Македонија и Албанија.

Добро познатиот декор каде доминираат албанските зманиња, фановите на гостинската репрезентација го зачинија и со повремено скандирање на “Голема Албанија” и “УЧК”.

Во почеокот на второто полувреме Албанија поведе со голот на Роши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top