| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија, Словенија и Црна Гора со заедничка кандидатура за ЕП во 2022 година

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги објави сите пристигнати кандидатури за Европските првенства во сениорска конкуренција во 2022 и 2024 година.

Македонија испрати заедничка кандидатура со Словенија и Црна Гора за организација на Европското првенство во женска сениорска конкуренција во 2022 година, што ќе се игра во периодот од 4 до 20 ноември 2022 година. Кандидатурата на Македонија, Словенија и Црна Гора е единствена за Првенството во 2022 година.

Во наредниот период ќе следуваат неколку фази за спроведување на кандидатурата, кои меѓу другото, содржат инспекција на одговорните лица од ЕХФ и евалуација на кандидатурата. Конечната одлука за доделување на организацијата на Првенството ќе биде донесена на ЕХФ конгресот во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top