Селекторот Благоја Милевски има само пофални зборови за настапот на неговите избраници, и истакнува дека сме надиграле квалитетна селекција
Одличната партија на нашите репрезентативци во Ереван ни донесе три големи бода. Импресиите на селекторот Милевски не можат, а да не останат незабележани. Тој очигледно до срж ја прочитал играта на ерменците кога тие на овој меч буквално не „мрднаа“.
–Одигравме одличен меч. Момците покажаа дека имаат квалитет и потенцијал да бидат конкурентни и во овие квалификации и да се носат со сите ривали во групата. Секоја чест, заслужуваат едно големо браво – вели селекторот и додава:
–На овој меч имавме многу позитивни нешта. Од друга страна Ерменија одигра одлично против една Русија, но ние буквално ги надигравме во секој поглед. Покажавме дека сме подобра екипа вечерва, додаде селекторот Милевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст