Советниците од мнозинството во Советот на oпштина Штип попладнево на вонредна седница со 12 гласа „за“ ја изгласаа одлуката за распишување на референдум против населувањето на мигрантите.
Претседателот на Советот на општина Штип Влатко Миташев, изјави дека одлуката се гласала на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додека советниците на СДСМ кога се гласало по одлуката излегле од салата.
– На денешната вонредна седница се донесе одлуката за распишување на референдум, што би требало да се одржи по наше барање на 15 октомври односно на денот на локалните избори. Референдумското прашање ќе гласи: Дали сте за или против населувањето на мигранти во нашиот град, рече Миташев.
Координаторот на советничката група на СДСМ, Јане Миланов во текот на седницата предложи референдумот да се одржи пред локалните избори, но оваа барање од советниците од ВМРО-ДПМНЕ не беше прифатено.
– Она што сакам кратко да го изјавам по донесувањето на оваа одлука на Советот е дека СДСМ поддржувал и ќе поддржува секаков облик на референдумско изјаснување на граѓаните за прашања кои се важни од нивното живеење. Во таа смисла дури и за вака поставениот референдум, со вака поставено референдумско прашање за нас беше прифатливо и ние го поддржуваме и ги охрабруваме граѓаните да излезат на референдумот и да гласат против населување на мигранти. Но, она што сакаме и на што ќе настојуваме секогаш е да избегнеме да се манипулира и референдумот ваков, каков што е да биде во функција на манипулирање на граѓаните во пресрет на локалните избори на 15 октомври. Затоа предложивме датумот на референдумот да се помести, да не биде на ист датум со локалните избори, вели Миланов.
На денешната седница на Советот на општина Штип се верификуваше и мандатот на Слободанка Момчилова од листата на СДСМ, која доаѓа на местото на Мики Тодоров кој е назначен за в.д директор на Казнено поправен дом –Затвор Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст