| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски побара повлекување на европското знаменце од Законот за јазиците

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за европски прашања побара да се повлече законот за јазици бидејќи, според него, „се злоупотребува европското знаме во партиски цели“.

„Европското знаменце е злоупотребено како „смоквин лист“ за да ја скрие неуставноста и немоќта на креаторите на законот да разговоараат со релевантните институции. Расправата на оваа комисија е класична политичка злоупотреба, затоа што предлог законот нема никаква допирна точка со акт на ЕУ, туку е резултат на политички договор“, рече Милошоски.

Тој дополни дека во ниту едее извештај од ЕУ двојазичноста не била критериум за членство на Македонија и дека опозицијта не е против да се дискутира за законот, туку е против неговото носење да биде злоупутребено.

Откако неговиот предлог беше одбиен, по него Илија Димовски побара за Предлог Законот за употреба на јазиците да се расправа прво на матичната комисија за политички систем.

„Комоцијата на тенкото мнозинство од 62 пратеници не е дозвола за кршење на процедурите. Сакаме да ги чуеме аргументите, зошто да се брза неговото донесување? Ние предлагаме сеопфатна дебата и решение што ќе ги задоволи сите, не само албанската туку и другите седум заедници во државата“, рече Димовски. Неговиот предлог исто така беше одбиен.

Комисијата во моментов е на пауза, по размената на остри зборови помеѓу Милошоски и претседателот на комисијата, Артан Груби, откако пратеникот на опозицијата се качи на говорницата, но претходно не доби право на збор. Милошоски продолжи да зборува, по што Груби ја прекина седницата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top