Граѓаните веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи подобри кандидати за претстојните локални избори. Ова го покажуваат резултатите од последната анкета на Институтот Павел Шатев на која дури 49.2 отсто од испитаниците сметаат дека партијата предводена од Никола Груевски ќе има подобри кандидати за претстојните избори. Наспроти ова 25.1 отсто се изјасниле дека СДСМ би имала подобри кандидати.
Граѓаните сметаат дека економијата и вработувањето треба да бидат приоритет за државата во моментов. Таков став имаат дури 67.5 отсто од испитаниците. А тој приоритет, сметаат граѓаните, мое да го оствари ВМРО-ДПМНЕ – 34.7 отсто, наспроти 19.3 отсто кои сметаат дека СДСМ епартијата која може да го оствари најголемиот приоритет за државата
Анкетата е спроведена во периодот помеѓу 29 август и 1 аептември 2017 година од страна на Институтот Павел Шатев на 1250 испитаници. Со истражувањето кое било спроведено на ниво на Република Македонија, се опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст