Издавачката куќа „Антолог“ го објави на романот „Робинката“ од Кетрин Лим, една од најзначајните сингапурски авторки и добитничка на титулата Витез од редот на уметноста и литературата. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска.
Овој извонреден роман ја раскажува емотивната приказна за четиригодишната Хан, најмалата ќерка во едно сиромашно семејство. Продадена како робинка во Куќата на Ву, таа брзо формира цврста врска со младиот наследник, но идилата на приврзаноста набрзина се претвора во кошмар, кога Хан станува тинејџерка – прекрасна, горда и вљубена во младиот господар. Нејзиниот живот се претвора во борба против силите на традицијата и тиранијата во еден свет во кој сладострасните машки роднини ги користат робинките за неселективно задоволство.
Истовремено моќна студија за детското ропство и за сексуалното предаторство и крајно вознемирувачка и величествено инспиративна приказна, „Робинката“ доловува богато и моќно кинеско семејство во ера на убавината и на бруталноста, следejќи една љубов – сè до нејзиниот вчудовидувачки климакс.
Книгата е објавена со поддршка на Националниот совет за уметност од Сингапур.
Кетрин Лим (1942) е сингапурска авторка на дела од различни жанрови. Била професорка, директорка, предавач, пред целосно да му се посвети на пишувањето. Има освоено неколку литературни награди, меѓу кои и Витез од редот на уметноста и литературата. Нејзините дела се изучуваат во образовните институции и се објавени на повеќе јазици. Таа е политички коментатор и медиумска личност во Сингапур, во Европа и во Австралија. Ја сметаат за доајен на сингапурската литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст