| четврток, 6 декември 2018 |

Tајната база за нуклеарно тестирање на Северна Кореја

Северна Кореја, која во неделата тестираше хидрогенска бомба, е една од најизолираните земји во светот, а одредени локации се потполно вон дофат за странците.

Најинтересната локација во Северна Кореја, барем откако беше јасно дека режимот на лидерот Ким Џонг Ун нема да престане со нуклеарни тетирања сѐ додека не направи нуклеарна боева глава што може да ја монтира на интерконтинетален балистички проектил со домет до САД, се вика Пунгери.

Тајна локација во планините

Според BBC, се работи за локација на која севернокорејскиот режим има изведено шест нуклеарни тестирања од 2006 година наваму, вклучувајќи го последното со хидрогенската бомба, најразорното оружје на светот. Силата на детонацијата беше проценета на 50-тина килотони, што е околу три пати повеќе од нуклеарката фрлена на Хирошима во 1945 година.

Пунгери се наоѓа во североисточниот дел на земјата, на планински терен. BBC објави дека се работи за локација на која е сместен главниот погон на севернокорејската нуклеарна програма и тоа е единствената активна локација за нуклеарни тестирања на светот.

Поголемиот дел од податоците за оваа локација се од сателитски снимки и следењето на преметувањето опрема во ова подрачје.

Што точно се знае?

Нуклеарните тестирања се изведуваат во систем од тунели ископани под планината Мантап, во близина на Пунгери.

Разузнавачките служби што ја следат Северна Кореја детално го набљудуваат ископувањето на материјали пред погоре спомнатите тунели, за да се обидат да заклучат дали Ким подготвува нови нуклеарни тестирања.

Пред последното нуклеарно тестирање, според снимките направени во авгут, имало активност околу погонот, што имплицира на подготовки за тестирање.

Во почетокот на годинава беа забележани нови ископувања на тунели, а пред едниот од тунелите беше поставена неидентификувана опрема.

Експерименталните експлозивни уреди, пишува BBC, се сместуваат длабоко во тунелите, на самиот крај. Потоа тунелот се затрупува со земја за да се спречи „протекување“ на радиоактивен материјал, а потоа се детонира бомбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top