| четврток, 6 декември 2018 |

Од вечерва на полноќ поскапуваат бензините, дизелот останува непроменет

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ се зголемува еден денар за литар, на „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство 0,5 денари, а цената на „евродизелот“ останува непроменета, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 63 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 64,50, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37 денари за литар.

Литар „евродизел“ (Д-Е V) и во наредните две недели ќе чини 48 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поевтинува 0,112 денари и еден килограм ќе чини 23,881 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top