| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Павлевски заменет со Самка, Самак со Мерко – новите министри прв загрижувачки сигнал за македонската економија

На местото на поранешните министри кои беа дојдени од врвни мултинационални компании од Америка и Европа владата на социјалдемократите назначи министри кои немаат ниту барем 1 осто меѓународно искуство и знаење како нивното во делот на привлекувањето и менаџирање со крупни странски компании кои се барани насекаде во светот.

Поранешниот премиер, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевсаки на вчерашната прес-конференција направи споредба за неколку позиции, одосно споредба помеѓу кадарот на ВМРО-ДПМНЕ и јадарот на СДСМ. Па така, на местото на Веле Самак кој дипломираше на Јел и кој дојде од Мајкрософт од Сиетел се постави Рамиз Мерко од Струга, на местото на Бил Павлески кој дојде од Хјулид Пакард од Бостон се постави Самка Ибраимовски. На местото на Горан Мицковски кој дојде од Лондон како соработник на Кредит Свис се назначи Зорица Апостолоска чии највисок дострел беше членство во УО на агенцијта за пензиски фондови на РМ….

-На местото на Џери Наумоф од Чикаго дојде Зоран Шапурич. Џери кој е роден и израснат во Охајо и Чикаго, навистина имаше потешкотии со македонскиот јазик, но тоа не му пречеше да донесе 10 тина фабрики кои отворија многу нови работни места и усреќија многу семејства. Шапурич колку што разбрав е цврсто убеден дека со македонски јазик ќе ги и освои странските инвеститори – рече Груевски.

Тој додаде дека харвардовиот студент Виктор Мизо, кој дојде од Меккензи, Магна  и Џенерал Електрик на позицијата за директор на ТИРЗ, местото му го „отстапи“ на Александар Младеновски активист на шарената револуција и активист на невладина организација.

На местото на Висар Фида, ИТ инжињер од државниот универзитет во Виена и долгогоди врботен во Сименс во Германија, Австрија, Америка дојде Дарио Николовски, секретар на општинскиот комитет на СДС во Гази Баба.

Груевски смета дека министрите во владата задолжени за приблекување инвестиции се првиот многу загрижувачки сигнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top