| четврток, 6 декември 2018 |

Остен биенале на наградени автори за 2017 година

Во хотелот „Аполонија“, Гевгелија, во тек е главната активност на „Остен биенале на наградени автори 2017“ – програмата за престој на уметници „Златен Остен“, во која учествуваат 14 уметници од 8 земји во светот.

На 7 септември 2017 година во 20.20 часот, на терасата на хотелот „Аполонија“, плоштад Гевгелија, ќе биде отворена изложба и ќе им бидат доделени награди на уметниците учесници на „Остен биенале на наградени автори 2017“.

Учесниците се наградени автори од манифестациите „Остен биенале на цртеж“ и „Остенови уметници на годината“, како и гости и соработници на „Остен“.

„Остен биеналето на наградени автори 2017“ е дел од Светската галерија на цртеж, концепт-манифестација која се состои од меѓусебно поврзани манифестации:

„Остен биеналето на наградени автори се одржува во непарните години – биенална меѓународна манифестација, каде што централен настан се програмата за престој на уметници „Златен Остен“, изложбата на дела продуцирани во рамките на програмата и објавување на наградите.
Биеналето, веќе традиционално, се одржува во соработка со Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија. Документираната збирка со над 10.000 уметнички дела од над 2.400 автори од 80 земји во светот е најголемото досегашно достигнување на „Остен уметност на хартија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top