Лондонска компанија од музичката индустрија им нуди на своите вработени да земат ден боледување по пијанка за да се справат со мамурлакот и да бидат повторно способни за работа.
– Нашите вработени повеќе не мораат да измислуваат дека ги фатил некој ‘гаден вирус во 24 часа’ ниту да го менуваат гласот за да фингираат засипнатост преку телефон. Доволно е на шефот да му кажат што навистина се случило – наведуваат од „Dice“, компанија специјализирана за продажба на влезници за концерти преки паметни телефони.
На сите има се случува „да се скршат во обилно залиена“ ноќ па отсега е доволно да му испратат на шефот емотикон „пиво“, „болен“ или „музика“ и нему ќе му стане јасно што се случило.
Компанијата сака да ги поттикне своите вработени целосно да уживаат во лондонската музичка сцена за подобро да ја работат својата работа.
– На целокупниот наш тим музиката му е во крвта и некои од најголемите музички договори се потпишани токму по концерти – појаснува Фил Хатчеон, основач и сопственик на компанијата.
Вработените ќе имаат прави четири дена во текот на годината да земја боледување поради трезнење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.