Лидерот на Англиската одбранбена лига Томи Робинсон негира дека Лигата стои зад нападите врз муслимани во Велика Британија и објектите во кои се собираат. Притоа во интервју за „Би-Би-Си“ крајно ги осуди овие напади. Притоа го негираше и нападот со молотови коктели врз исламската заедница во Лондон, на чии ѕидови беше испишана кратенката на лигата – ЕДЛ, велејќи дека некој ги злоупотребува.
– Ако некој запали зграда и напише Дејвид Камерон на ѕидот, дали тоа значи дека тој го сторил тоа?- праша Робинсон, кој изрази и сомнеж дека потпалувачите се дури и муслимани.
Британскиот премиер, пак, минатата недела порача дека нема да застане зад лигата за да го „демонизира исламот“.
Лигата организираше повеќе протестни маршеви по убиството на британскиот војник во Лондон од двајца млади исламски екстремисти. Робинсон ги сподели трите цели на лигата, бара „убедлива“ владина стратегија против исламскиот екстремизам, исламската заедница да преземе сериозни напори против екстремизмот, како и отворена и чесна дебата за ова прашање.
Интервјуто со Робинсон е направено откако шест муслимани се осудени на повеќе од 18 години заради планирање за бомбашки напад врз митингот на ЕДЛ во Западен Јоркшир лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија