| четврток, 6 декември 2018 |

Се сомневам дека новата влада воопшто не сака странски инвестиции

Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, денеска одржа прес конференција на која изрази сомнежи дека новата влада воопшто нема интерес за привлекување на странски инвестиции и упати серија критики кон СДСМ како за кадровските решенија така и за политичките одлуки кои според него може да имаат лоши последици врз целата македонска економија.

Тој негодуваше и за барањето за објавување на договорите со странските инвеститори што може да ненесе голема штета по угледот на земјата и е против идејата да им се наложи да вршат набавки од домашни компании бидејќи така нема да бидеме доволно конкурентни.

Никола Груевски кој голем дел од премиерската кариера ја помина во промоција на странските инвестиции посочи дека пред ескалацијата на политичката криза и смената на власта во Македонија биле планирани 25.000 директни вработување од 15 странски компании кои сакале да вложат стотина милиони евра.

За тие планови да не пропаднат им порача на политичките ривали од власта посветено и сериозно да работат, а ВМРО-ДПМНЕ може да им помогне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top