Вчера дежурниот затворски полициски службеник во тетовскиот затвор забележал дека И.Ј. (1994) од Кичево и машко лице на возраст од 17 години сакале на осуденикот Р.В. во „смоки“ да му однесат остатоци од непозната растителна материја, најверојатно марихуана.
Полицајци од Одделението за крим полиција при СВР Тетово извршиле и преглед на патничко моторно визило „хонда сивик“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Б.Ј., а управувано од страна на И.Ј., и пронашле една импровизирана цигара со непозната растителна материја.
По наредба на основен Јавен обвинител од Тетово, во СВР Тетово приведени се И.Ј и 17- годишно машко лице за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст