| четврток, 6 декември 2018 |

Стефан Богоев направил 178.000 евра за време на „режимот“

Стефан Богоев, кој во 2013 година беше избран за лидер на младите социјалдемократи, според пријавениот имотен лист вреди 10.920.000 денари, односно околу 178 илјади евра.

Во десетте години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кое тој и неговите сопартијци го нарекуваат режим и диктатура, семејството на дипломираниот економист спечалило куќа во Скопје, земјоделско земјиште во Скопје, стан во Охрид и четири моторни возила. На свое име Богоев поседува еден од автомобилите, „априлија скарабео“ во вредност од 80.000 денари. Другиот имот е на име на неговите родители.

Nissan Juke (500.000 денари)

Aprilia Scarabeo (80.000 денари)

Skoda Yeti (600.000 денари)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top