Вториот натпреварувачки ден на Европското првенство во кошарка донесе многу натпревари, но и интересни пресметки во групната фаза, по кои полека се наѕираат селекциите кои имаат најголем квалитет на овој шампионат.
Во првиот поинтересен дуел, Франција не дозволи втор пораз и ја совлада Грција со 95:87, а главни играчи на победникот во Хелсинки беа Ловерњ и Фурние со по 21 поен.
Откако го совлада кодомаќинот Турција, само еден ден подоцна Русија најде решение и за секогаш амбициозната Србија, совладувајќи ја со 75:72 за втора победа на првенството. Швед со 22 поени, односно Мозгов и Курбанов со по 11 поени беа најдобри реализатори за Русија, додека Марјановиќ и Богдановиќ постигнаа по 19 поени во српскиот национален тим.
Втора убедлива победа постигна Шпанија, која овојпат ја преслуша Чешка во Клуж. Шпанците славеа со 93:56, а најефикасни кај победникот беа Пау Гасол со 26 и Рубио со 17 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст