Владата на СДСМ планира изградба на бегалска населба во Велес. Планот е населбата да почне да се гради до крајот на оваа година, после локалните избори. Определен е простор во рамки на велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ во строгиот центар на градот.
Вкупната површина на која ќе се градат станбените објекти изнесува околу4 хектари. Во игра се неколку можни решенија за изградба на станбените објекти, а како најсериозна се споменува идејата за изградба на 15 згради кои ќе имаат по 10 ката.
Секој кат ќе има по 6 станови за сместување до 4 лица (број на лица во едно просечно семејство). Се уште е нејасно на чиј предлог е избрана оваа локација, која се наоѓа во урбаниот центар на градот со густа населеност, меѓутоа постојат индиции дека тоа е сторено од страна на претставници на раководството на велешкиот огранок на СДСМ.
Покрај станбени објекти, за новите 3.600 жители на Велес с епланира и изградба на детска градинка, училиште, спортска сала и амбуланта. Предвидено е изградба и на специјална железничка станица со оглед на непосредната близина на железничката пруга до идната бегалска населба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст