| четврток, 6 декември 2018 |

Германците почнаа да лежат по затвори поради мигрантите

Австрискиот суд денеска осуди германски државјанин поради кршење на австриските антинацистички закони откако објавил фотографија со капа на која имало свастика и мртовечка глава, а како коментар напишал: „Драги мигранти, ќе ги препознаете социјалните работници по овие капи“.

Германецот е осуден на десет месеци затвор условно и казна од 7.500 евра.

Покрај објавувањето на наведената порака, тој е осуден и поради истакнување нацистички симболи во својата куќа, вклучувајќи и шише пиво со слика на Адолф Хитлер.

Во Австрија е забрането на кој било начин глорификување на Хитлер и нацистичкиот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top