| четврток, 6 декември 2018 |

Маневски: Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ ќе им пружи помош на жртвите на самоволието на СДС

ВМРО-ДПМНЕ започна со најновиот начин на комуникација со граѓаните, тие од денеска преку трибините насловени „ Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро “, се уште поблиску до народот. Денеска овој вид на комуникација го отвори Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Модератор на трибината беше еден од најистакнатите правници во Република Македонија, Михајло Маневски, тој кажа Правната комисија во овој период одговорност цврсто да застане и отворено и аргументирано да укаже и да се спротистави на сите девијации на правниот поредок што во дело се спроведуваат од новата власт на СДСМ.

Темата на која што денеска се говореше беше незаконското разрешување во институциите и самоволието кое го спроведува Владата.

-Владата на СДС и Зоран Заев за околу 100 дена владеење направија вистински правен хаос во државата, со масовно кршење на законите и повреда на основните права на вработените лица во вршењето на одговорни работни задачи, во органите на државната власт, во органите на државната управа, во јавните претпријатија, јавните установи и во други институции каде што беа тие вработени, изјави Маневски.

Тој напомена дека многу лица се менуваат незаконски, се распределуваат на други работни места, добиваат многу пониски плати од тие што ги заслужуваат, изложени се на мобинг, на уцени, што ги прекршува основните елементарни права на човекот.

-Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да им пружи целосна правна помош за остварување на правна заштита на сите лица кои што се жртви на самоволието на СДС, со противзаконските дејствија кои ги преземаат и со кои грубо ги повредуваат основните права на лица загарантирани со Уставот и со законите, изјави Маневски.

Поранешниот министер за правда напомена дека постојат повеќе начини како Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ може да помогне и ќе помогне. Тој потенцираше дека во ниту еден случај тие нема да останат неми на она што се случува во државата.

-Законите што ги донесе претходната Влада, кои што се по европски стандарди, не може да се дозволи да бидат така грубо кршени и тоа кршење да остане без соодветна одговорност и без надоместување на одредени правни штети и последици што се настанати од толкавото кршење на законите, изјави Маневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top