| четврток, 6 декември 2018 |

22 милиони долари од богатството на една Американка за зоолошка градина во Германија

Зоолошка градина во Германија соопшти денеска дека 93-годишна Американка со германско потекло, чиј сопруг го преживеал холокаустот, оставила  22 милиони долари. Елизабет Рајхерт изјавила дека тоа било желба на нејзиниот починат сопруг Арнолф.  Арлолф и Елизабет потекнуваат од Келн,  се запознале за време на војната, за потоа да заминат во Израел, а подоцна во Њу Џерси. Немале деца, а Елизабет Рајхерт веќе почнала на Зоолошката градина да ѝ уплаќа по шест илјади долари месечно, а вкупната сума ќе биде донирана по нејзината смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top