| четврток, 6 декември 2018 |

Агим Ибраими ја продолжува кариерата во Словенија

Иако во текот на вчерашниот ден се најавуваше враќање на Ибраими во виолетовиот дрес, работите се сменија.

Според информациите кои денес ги пренесува словенечка „Екипа“, се вели дека 29 годишниот интернационалец Агим Ибраими, кој во моментов е без ангажман, својата кариера ќе ја продолжи во тамошниот прволигаш Домжале.

Домжале не избори место во групите од Лига Европа, стигна до плејоф рундата од квалификациите од ова натпреварување каде беше сопрен од Олимпик Марсеј, во претходните две кола најпрво ги елиминираше естонска Флора и исландски Валур, а потоа и германски Фрајбург.

Доколку се остварат очекувањата во Словенија, Ибраими како соиграчи во мошне амбициозниот тим на Домжале ќе ги има македонскиот интернационалец Зени Хусмани, и поранешниот офанзивец на Вардар, Босанецот Сенијад Ибричиќ кој се препороди во словенскиот тим.

Како за потсетување, истиот медиум вчера пренесе дека Ибраими ќе се врати во Марибор и повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите со овој клуб, меѓутоа денес пренесе поинаква информација.

Ќе издвоиме дека во текот на летово „24фудбал“ доби информации од мошне веродостојни извори кои ни открија дека следната дестинација за Агим Ибраими ќе биде Турција, па останува во следниот период да видиме за која опција се решил некогашниот најдобар македонски фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top