| четврток, 6 декември 2018 |

Укинато плаќањето за повторно поднесување пријава во Катастарот

Плаќањето за повторно поднесување пријава за запишување/промена во катастарот на недвижностите од денеска се укинува, информира Агенцијата за катастар на недвижности.

Агенцијата го менува начинот на постапување во предметите, за кои по претходно поднесена пријава била донесена потврда за одбивање на пријавата за запишување/промена заради нецелосност/некомплетност или несоодветност на податоците, со што, како што велат, се укинува двојното плаќање на трошоците за професионалните корисници на е-кат шалтерот и за граѓаните на Република Македонија.

Појаснувања и опис на постапките се објавени на веб-страницата на Агенцијата за катастар на недвижности  www.katastar.gov.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top