СДС ја туркаат државата кон сигурен банкрот. Со енормното и неконтролирано трошење кое расипничката влада на СДС го прави, си игра со иднината на новите генерации задолжувајќи ги со непродуктивни трошења. Буџетот на државата не е буре без дно. Ваквата расипничка политика и трошење без усул, ќе има големи последици врз севкупната економија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соња Гелова од ВМРО-ДПМНЕ посочува дека финансискиот систем по доаѓањето на СДСМ на власт е на стаклени нозе.
-СДС во вторник ќе ја задолжи државата за нови 27 милиони и 600 илјади евра. Граѓаните не сакаат да враќаат долгови за Радмила Шекеринска да нарачува лешници за 5000 евра или Заев да фрла десетици илјади за морски плодови. За 3 месеци власт, владата на СДС успеа да се задолжи над 170 милиони евра, и од државните резерви да стопи цели 177 милиони, а нема ниту еден проект што е реализиран или отпочнат со реализација. Тоа се над 350 милиони евра кои завршиле во нечии џебови, истакна Гелова.
Појаснува дека Република Македонија предводена од, како што рече, неспособната владата на СДС и Заев неконтролирано се задолжува.
-Наместо парите кои ги земаат со задолжување да ги потрошат на проекти кои ќе генерираат додадена вредност, тие ги трошат на набавки на морски плодови и скапа риба, набавка на цвеќиња по министерки кабинети, набавка на апетисани и за отворање на измислени работни места за партиските послушници и шарени револуционери. Со ваквото расипничко и недомаќинско управување со државата, СДС ја повлече економијата надолу. Прв пат после многу години во Република Македонија наместо раст имаме, пад на просечната плата, имаме пад на индустриското производство во јули за 6.9% во однос на истиот период во 2016 година, посочи Гелова.
Вели дека заради Заев и хаосот што го креираат во економијата паѓаат и странските инвестиции, а тоа ќе значи стоп за растот на отворени нови работни места.
-Според податоците на Народната Банка странците одлеале рекордни 66,5 милиони евра повеќе отколку што вложиле во земјава. СДС ќе одговара за ваквото расипничко однесување со парите на граѓаните. Поради ваквиот несериозен однос и коцкање со финансиите на државата и катастрофалното управување со економијата, СДС ќе биде жестоко поразен на предстојните локални избори на 15-ти Октомври, рече Гелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст