Од 20 до 23 август беше снимен краткиот игран филм „Магнолија“ во режија и сценарио на Ана Опачиќ, информираат од „Пик Продукција“.
Улогите ги толкуваат Искра Ветерова, Сенко Велинов и Никола Стефанов, а директор на фотографија e Љуљзим Луиџи Бејта.
Од продуцентската куќа наведуваат дека филмски проект е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, во продукција на „Пик Продукција“ и копродукција со „Т4 МЕДИА“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.