Тести(си)рањата се очигледно апсолутен моден тренд. Ким Џонг Ун упорно тести(си)ра ракети, тести(си)рајќи го трпението на Трамп. Европа и Америка го тести(си)раат Путин, а тој ги тести(си)ра Европа и Америка. Истести(си)раните мозгови Бејли и Хан до бесвест го трести(си)раат македонскиот народ, Заоран Заебв сите ептен го истести(си)раа вдолж и попреку, а тој пак ги тести(си)ра границите на пеколниот морален, криминален и ментален самрак.
Особено е модерно тести(си)рањето на невините имиња на државите и на политичките актери. Имињата со сиот идиотски занес се тести(си)раат и никој не се лути, сите се задоволни, ЕУ е задоволна, НАТО е задоволен, се’ е возможно. Преименувањето на светот по пат на тести(си)рање на имињата стана голема забава, веќе никој и ништо нема да се вика исто. Се’ ќе биде докрај истести(си)рано. Ќе се прават нови географски атласи на светот. И вие почнете интензивно да размислувате како би сакале да си го истести(си)рате своето лично име за потребите на ЕУ и НАТО, зашто во спротивното ќе ви дојде некој најглуп и најрасипан ваш сосед и ќе си дозволи дрскост во вашиот дом манијакално да ви го тести(си)ра.
Така, следејќи го тој планетарен тренд на сеопшти тести(си)рања, филистерот за недовршени нагодби на Јужната земја Прција Никој Кочијаш (чие што име на ова место јавно го тести/си/раме) се упати кај филистерот за недовршени нагодби Ни-пола Ни-мртов (имево си изврши успешно автотести/си/рање) заедно да го тести(си)раат името на нашата татковина, па ја нарекоа СЕВЕРНА ЗЕМЈА. За да имаат добра вибра, двајцата филистри најнапред меѓусебно добро си се истести(си)раа, а потоа возбудено и темпераментно го истести(си)раа и името на Јужната земја Прција.
Почитувани читатели, можеби во првиот момент помисливте дека ова е одломка од „Дневникот на лудиот” од Достоевски, но не, ова е само мала илустрација на вистинското, реално, живо, орвеловско лудило, театар на меѓународни и домашни политички мајмуни, кретени и манијаци што се дограбија до сцената и пред нас нормалните произведуваат распаметени и опасно неконтролирани експлозии на глупост. Проблемот е во тоа што упорно не’ уверуваат, а уште поголем проблем е што се чини дека голем дел од нашиот македонски народ сеуште верува дека таа тешка и смртоносна „болест” за промена на нашето убаво и достоинствено име Република Македонија е единствениот начин да се стаса до евро-атлантското „добро здравје”, кое самите допрва ќе треба да си го истести(си)раат на своја кожа па лично да ги почувствуваат и да ги востановат вистинските, тешки и неизлечливи нуспојави што сега не им се познати.
Па, гледате ли со какви луѓе имаме работа?! Замислете само колкава дрскост, дипломатско-политички невкус, непристојност и најприземен безобразлак се потребни да дојдеш на гости од една божем пријателска земја Грција, во Скопје, во срцето на Република Македонија, и пред нејзиниот министер за надворешни работи и пред целиот македонски народ невоспитано да го тестираш нејзиното историско, од најголемиот дел земји во светот меѓународно признаено уставно име, со едно друго сосема идиотско и бесмислено – СЕВЕРНА ЗЕМЈА. Не само што длабочината на глупоста е непрегледна, вселенска, бидејќи ќе ги збуни сите оние што дури и со компас в рака ќе се упатат на север, а наместо во Македонија, ќе стасаат во Норвешка, во Шведска или во Лапонија, земјата на Дедо Мраз, туку невидената злоба, цинизмот, подмолноста и бедата на шовинистичката политичка филозофија на грчкиот министер Коѕиас имаат навистина надреални димензии. Според него, а ние, како избегани од Бардовци би требало тоа да го прифатиме, целиот космос на Република Македонија, нејзините четири страни на светот се всушност исклучиво само четирите соседни земји што ја опкружуваат од север, југ, исток и запад, а пак единствениот релевантен и вистински ориентир во просторот за таа премочана Северна земја е Република Грција како своевиден Нулти меридијан. Зад тие точки, подалеку, нема веќе апсолутно ништо, таму се наоѓаат крајните рабови на светот, зад кои постои само црна бездна.
Го слушам подмолниот внатрешен глас на Никос Коѕиас како се кикоти „Хи, хи, хи, хи!” додека му го кажува тоа на министерот Никола Димитров, тести(си)рајќи ја неговата глупост, неговата човечка беда и готовност веднаш да го соблече и последното делче од своето предавничко неглиже. И тој тоа егзибиционистички го прави пред сите нас. Наместо истиот момент на убав, цивилизиран, дипломатски начин како што тоа се прави со илјадници години, да го отера министерот Коѕиас во три п.м., т.е. таму откај што дошол, Димитров сосема се разгалува и разголува и го започнува својот предавнички танц, откажувајќи се од целото наше столетно минато, од спомениците на нашите големи личности од историјата што тој ќе ги урне, зашто, како што рече, живееме во 21 век. Па, господине Димитров, на какви пилули за лилули сте вие кога не ви е јасно дека и Никос Коѕиас живее денес, во истиот овој 21 век, но тргува со будали како вас и со сите сили безобѕирно настојува да го грабне сето она што смета дека од столетната македонска историја и’ припаѓа на Грција, а од што вие со галантно одмавнување на рака лесно се откажувате? Кој ви го дава тоа право? На најступиден можен начин решавате да му ја предадете целата наша историја, и да живеете само во 21 век, онака хедонистички, сега и само сега, толку долго колку што ќе трае вашиот живот, како воопшто вашиот беден предавнички живот некого да го интересира. И, впрочем, кажете му на македонскиот народ што во таа генијална дипломатска размена на национални и историски вредности ви е понудено вам за Македонија: помош за влегување во НАТО и големи средства од ЕУ? Па зарем сте толку изветреан и недоветен да не се сеќавате дека само пред речиси една година се одвиваше големата меѓународна евро-драма во Европската Заедница токму поради смртно задолжената Грција која, заради одвнатре раздрнданата ЕУ која не знае како да излезе на крај со самата себеси, а не со една напорна и лицемерна Грција, успеа практично со уцени да изнуди помош од цели 118 милијарди евра? И сега таа и таква Грција, и натаму како и секогаш до гуша „должна како Грција”, нам ќе ни помага да дојдеме до големи средства од европските фондови! Кај ви е умот и што ви е вам? Забришете се малку, нема ништо од тоа. Освен ако не станува збор за пари со кои ќе се уриваат нашите споменици!
Господине Димитров, не играјте се со македонскиот народ! Не играјте се! Не играјте се, вие и вашиот болен предавнички налогодавач Зоран Заев со своите големоалбански парнери, Бујар Османи и останатите!
Нашата татковина се вика Република Македонија! Ако сте неспособни и ако немате ни трошка намера да го браните тоа достоинствено име Република Македонија, гордост на македонскиот народ, тогаш веднаш тргнете се оттаму каде што сте заседнале, зашеметен од своите големи дипломатски предавнички успеси, најнапред со Бугарија, а сега еве и со Грција. Таков министер за надворешни работи не му е потребен на овој народ.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст